Бајката на Ст. Килда Сеинтс во плејофот на АФЛ заврши со поразот од актуелните шампиони, Ричмонд Тигерс, во четврт-финалето со (12.8) 80-49 (6.13).
,,Тигрите” ја стекнаа капиталната предност во првата четвртина што ја добија со (5.1) 31-14 (2.2), а пружија поефикасна игра од своите противници и во втората и во четвртата четвртина.
Ст. Килда беше подобар тим само во третиот период што го доби со (1.3) 9-17 (2.5).
Најефикасен фудбалер на теренот беше Шеј Болтон од Ричмонд, кој забележа хет-трик, односно осумнаесет поени (3.0). Исто така, ефикасен беше и неговиот соиграч, Том Линч, кој имаше учинок од (2.5), односно седумнаесет поени.
Кај Ст. Килда не се истакна ниеден играч, кога се во прашање поентирањата, а шесте погодоци беа дело на шест различни играчи: Бетл, Батлер, Рос, Стил, Кент и Севиџ.
Во полуфиналето, Ричмонд ќе ги одмери силите со Порт Аделаид Пауер или со Бризбејн Лионс.



