
Едмонтон Оилерс го запишаа само вториот пораз во новата сезона, откако синоќа загубија со 4-2 од Детроит Ред Вингс.
Претставниците на Мичиген имаа серија од две победи во пресрет на меѓусебниот дуел и уште од стартот тргнаа кон нов успех, односно кон запишување на третиот триумф во низа.
Веќе кон средината на втората третина, домаќините имаа комфорно водство од 0-3 со двата погодоци на Владислав Наместников и со едниот гол на Дилан Ларкин.
Во последните четириесет секунди од вториот, односно во првите четириесет секунди од третиот дел, Оилерс двапати погодија преку Јесе Пулјујарви и преку Конор МекДејвид за зголемување на неизвесноста во ,,Литл Сезарс Арена”.
Иско канадскиот состав бркаше негатива и ја држеше играта под контрола, до финален погодок стигнаа Ред Вингс, кои само ја заверија победата, кога на шест секунди пред крајот, Моритц Зајдер погоди на празна мрежа.
На голот на домашниот состав стоеше Американецот со српско потекло, Алекс Недељковиќ, кој имаше солидна партија со 31/33 одбранети шутеви (93,94%).
Со новите два поени, Детроит се искачи на петтото место на Истокот, додека Едмонтон и понатаму е првопласиран во Западната конференција.



