По шести пат во низа, Милвоки Бакс ги поразија Филаделфија 76ерс, откако синоќа триумфираа со 109-118.
И двете екипи влегоа релативно ослабнати во меѓусебниот дуел со тоа што Бен Симонс и Џоел Ембиид недостасуваа кај 76ерс, а Бакс настапија без Крис Мидлтон, без Брук Лопез и без Донте ДиВинченцо.
Филаделфија го започна натпреварот со поубедлива игра и во втората четвтрина достигна до максимални +13, но во второто полувреме, Бакс ги свртеа работите во своја корист.
Кај актуелните шампиони, дабл-дабл постигнаа Јанис Антетокумбо (31 поен и 16 скокови) и Боби Портис (19 поени и 10 скокови).
На спротивната страна, две двоцифрени статистики имаше Андре Драмонд (17 кошеви и 20 скокови), а најефикасен, со ист поентерски учинок како Антетокумбо, беше Тајрис Макси.
Со новата победа, Бакс (5-6) се искачија на деветтото место на Истокот, додека со вториот пораз во низа, 76ерс (8-4), од првата, паднаа на четвртата позиција.