
Ана Одине Стром ја оствари втората овосезонска победа, откако триумфираше на второто натпреварување во германскиот Хинтерцартен.
Норвежанката беше првопласирана и после двете серии, оставајќи ги зад себе на подиумот Словенката Ема Клинец и лидерката во генералниот пласман – Ева Пинкелних.
Четвртото место го поделија Сара Таканаши и Кјара Кројцер, а во првите десетмина се најдоа уште: Јуки Ито, Нозоми Марујама, Зелина Фрајтаг, Жозефин Пање и Теа Минјан Бјорнсет.
Наредниот викенд, караванот останува во Германија, односно ќе се пресели во Вилинген, а до почетокот на Светското првенство, остануваат уште две други локации, односно Хинценбах (Австрија) и Рашнов (Романија).