Венеција е главен град на регионот Венето и провинцијата Венеција во североисточна Италија. Изградена е на 118 мали острови во устието на реката Бренте во Венецијанскиот Залив. Позната е и како „град на каналите“. Повеќе од илјада години Венеција била главен град на Венецијанската Република.
Градот бил основан во 569 година кога група бегалци, за да се спасат од инвазијата на Лонгобардите, се населиле во крајбрежната област.До градот има и железничка пруга и автопат преку големиот „лагунски мост“. На островот Лидо се наоѓа и аеродромот “Марко Поло”.Венеција има над 170 канали по кои пловат гондоли, чамци, мали пароброди и моторни бродови. Најголем е Големиот канал на кој се наоѓа познатиот мост „Ријалто“, а околу 380 помали и поголеми мостови служат за премин преку каналот.

Властите на Венеција ја одложија за шест месеци одлуката за наплата на влезници, која требаше да стапи на сила во јануари, „бидејќи навреме не беа обезбедени премините преку кои требаше да се ограничи бројот на туристи кои може да влезат во градот на дневно ниво“.
Венеција е првиот град во светот и засега единствениот град кој на овој начин ќе се обиде да даде конкретен одговор на преголемиот број туристи во одредени периоди од годината. – изјави Симоне Вентурини од Туристичката организација на Венеција.
Жителите на Венеција, како и оние кои поседуваат имот во градот нема да плаќаат влезница.Оваа категорија ги вклучува и вработените, студентите, оние кои доаѓаат во Венеција од здравствени причини, полицијата и војската, спортистите кои се во градот за спортски натпревари, оние кои треба да присуствуваат на судење или да посетат затвореници, оние кои живеат во регионот Венето, како и лица кои ќе ноќеваат во хотели бидејќи така веќе плаќаат такса.