Актуелните шампиони во АФЛ, Ричмонд Тигерс, успеаја да се пласираат во финалето по вторпат во низа, каде што ќе атакуваат на третата титула во последните четири сезони.
Во денешното полуфинале, Тигерс ги совладаа првопласираните во регуларната сезона, Порт Аделаид Пауер, со резултат од (6.4) 40-46 (6.10).
Во текот на играта, двете екипи беа цело време во резултатска неизвесност, којашто беше проследена со голема возбуда и неверојатни потези на тревникот.
Најголемото водство на мечот го имаше токму Ричмонд во првата четвртина, кога водеше со единаесет разлика, но истата беше набрзо анулирана.
Накрај, најефикасен фудбалер беше ,,џокерот” на ,,Тигрите”, Кејн Ламберт, со тринаесет поени (2.1), а по два погодоци забележаа и неговиот капитен Дастин Мартин и противникот Конор Рози.
Во финалето, Ричмонд ќе ги одмери силите со победникот од мечот помеѓу Џилонг Кетс и Бризбејн Лионс.



