По вторпат во три дена, Анахајм Дакс успеаја да слават над Сан Хозе Шаркс, притоа забивајќи четири погодоци.
На првиот меч, ,,Патките” го добија калифорнискиот дуел со 0-4, а синоќа триумфираа со 1-4.
Веќе после четириесет минути игра, Анахајм стекна предност од капитални 0-3, откако мрежата на Јосеф Коренар ја затресоа Рајан Гецлаф во првата, односно Дерек Грант и Александер Волков во втората третина.
Во третиот период, на неполни три минути до крајот, Ерик Карлсон намали на 1-3, а конечниот резултат го постави Јакоб Силфверберг во последните триесет секунди.
На табелата на Западот, Анахајм остана на последното место, додека Сан Хозе е шести со реални шанси за плејоф.
📸 Brandon Magnus/NHLI via Getty Images



