Синоќа, во отсуство на Кевин Дурент, на Џејмс Харден и на Блејк Грифин, Бруклин Нетс го загубија дуелот за првото место на Истокот.
Имено, Филаделфија 76ерс (38-17) се вратија на врвот на Источната конференција, откако славеа над Нетс (37-18) со 123-117.
Токму 76ерс беа тимот што водеше во текот на цел натпревар, најчесто со двоцифрена предност.
Како најефикасен играч на мечот се покажа Џоел Ембиид (76ерс), кој имаше дабл-дабл учинок од 39 поени и од 13 скокови, а од неговите соиграчи се истакна и Тобијас Херис со 26 кошеви.
Од редовите на Бруклин, Кајри Ирвинг беше најпрецизен со 37 поени, а дабл-дабл забележа ДеАндре Џордан (12 поени и 14 скокови).
📸 David Dow/NBAE via Getty Images



