Интернационалната Т20 серија помеѓу Нов Зеланд и Пакистан денес го доби своето решение.
Имено, Нов Зеланд поведе со вкупни 2-0, откако денес ги совлада Азијците со 164/1 (19.2) – 163/6 (20).
Во првиот ининг, Пакистанците собираа поени, а најефикасен од нив беше Мохамад Хафиз со 99 поени. Од домашните фрлачи, неверојатен беше Тим Саути со неверојатна економија од 4-21.
Во вториот ининг, од Пакистанците, единствен со освоен викет беше Фахим Ашраф, а поените за Нов Зеланд ги постигнаа Тим Сајферт (84), Кејн Вилијамсон (57) и Мартин Гаптил (21).
Последниот натпревар од најексплозивниот крикет формат, двете селекции ќе го одиграат за два дена, а потоа ќе им следуваат и двете меѓусебни тест средби.



