
Иако пружија неверојатна партија во првото коло, Порт Аделаид Пауер ги загубија наредните две средби.
Имено, во третата рунда, во градското дерби, Порт беше поразен како домаќин од Аделаид Краус со (13.8) 86-117 (18.9).
Во текот на првите три четвртини, резултатот беше изедначен, но номиналните гости дојдоа до првиот овосезонски триумф со серијата од 37-2 во последниот квартал.
Од победничките редови, најефикасни поединци беа Рајли Тилторп (5.0), Ајзак Ранкин (4.0) и Лук Педлар (3.1).
На спротивната страна, хет-трик запишаа Сем Пауел-Пепер (3.0) и Чарли Диксон (3.2).
На табелата, со учинок од 1-2, градските ривали ги заземаат единаесеттата и дванаесеттата позиција.