
После неизвесна битка во Планица, селекцијата на Австрија успеа да избори победа на последното екипно натпреварување од Светскиот куп во ски скокови.
Црвено-белите бои на леталницата ,,Братов Горишек” ги бранеа Даниел Чофених, Михаел Хајбок, Јан Херл и Штефан Крафт.
На второто место се пласираше домашната репрезентација во состав на Ловро Кос, на Домен Превц, на Тими Зајц и на лидерот во поредокот на турнејата ,,Планица 7″ – Анже Ланишек.
Зад нив, третата позиција на Норвешка и’ ја донесоа Јохан Андре Форфанг, Бендик Хегли, Роберт Јохансон и Халвор Егнер Гранеруд, а поредокот го комплетираа: Полска, Германија, Швајцарија, Јапонија, САД и Казахстан.