
Во само два дена, Голден Стејт Вориорс загубија две дербија, при што, синоќа беа поразени од Милвоки Бакс со 118-99.
Во текот на цел натпревар, Бакс имаа двоцифрена предност, која кулминираше на полувремето, кога изнесуваше +39, односно 77-38.
Кај актуелните шампиони, Јанис Антетокумбо (30 поени, 12 скокови и 11 асистенции) го запиша вториот овосезонски трипл-дабл, а уште 23 кошеви додаде Крис Мидлтон.
На спротивната страна, Ендру Вигинс имаше 16 поени, а со само 12 кошеви, потфрли Стеф Кари.
Со првата победа на последните три средби, Милвоки (27-17) го зазема четвртото место на Истокот, додека Вориорс (30-11) се втори во Западната конференција.




