За првпат во тековната сезона, Каролина Хурикејнс не постигнаа гол на домашен терен, откако синоќа беа декласирани од Колумбус Блу Џекетс со 0-6.
Блу Џекетс упатија вкупно 35 шутеви кон противничкиот гол, но одличната реализација од 17,14% им ја донесе конечната победа.
Во првите две третини, победниците постигнаа по еден погодок,додека во третиот период, дури четири пати ја затресоа противничката мрежа.
Двоен голгетер за составот од Охајо беше Јегор Чинахов, а по еден гол постигнаа Емил Бемстром, Патрик Лаине, Кол Силингер и Џек Рослович.
Голманот помеѓу стативите на Блу Џекетс, Летонецот Елвис Мерзликинс, имаше 31/31 одбрани за освојување на вториот шут-аут во сезоната.
Во Источната конференција, Каролина падна на четвртата позиција, а Колумбус изби на десеттото место.