Последниот велеслалом пред сезонското финале од Светскиот куп во алпско скијање во женска конкуренција се одржа по ноќни услови во шведскиот ски-центар – Оре.
Ова натпреварување помина целосно во знакот на Петра Влхова, која во потполност ја ,,уништи” конкуренцијата и најави борба за малиот кристален глобус во оваа дисциплина на 20 март.
Влхова имаше вкупно време од 2:32,59 минути после двете серии, а во прилог и’ отиде фактот дека конкурентките за титулата во велеслалом, Сара Хектор и Федерика Брињоне, останаа без поени.
На втората позиција со енормен заостаток се пласираше сè уште актуелната освојувачка во втората најтехничка дисциплина – Марта Басино (+1,24).
Денешниот подиум го комплетираше лидерката во генералниот поредок, Микаела Шифрин (+1,70), а под две секунди доцнеа уште Теса Ворли (+1,91) и Рикарда Хаасер (+1,93).
Во продолжение, во првите десет завршија уште: Франциска Гритч (+2,28), Корали Фрас-Сомбе (+2,38), Катарина Трупе (+2,56), Мишел Гизин (+2,65) и Марина Гасиеница-Даниел (+2,70).