Владо Јаневски го промовираше и спотот за новата песна „Без тебе не ме бива“. Спотот е во реализација на Томато продукција“. Текстот и музиката за оваа песна се на Владо, додека аранжманот и продукцијата на песната e дело на Никша Братош, во чие „НБ студио“ во Загреб како и во скопското „Ентерпрајс“ на Валентино Скендеровски се снимаше истата.



