“Македонска” е новата инструментална песна на Гуру Харе, инспирирана од народното творештво, но го носи препознатливиот блуз призвук кој е карактеристичен за Гуру Харе. Направена е во соработка со Александар Јовевски – кавал, Ратко Даутовски – удиралки и Филип Димишковски – клавир. Снимено и продуцирано е во студио Тралала во Скопје од Мите Димовски.