
Екипата на Сочи се наоѓа во огромна резултатска криза, откако оствари само три победи на последните триесет средби во КХЛ.
Денес, ,,Леопардите” го запишаа осмиот последователен меѓусебен пораз од Витјаз Подолск, губејќи со 5-1 на гостински терен.
Веќе после осум минути игра, домаќините имаа водство од 3-0, кое беше намалено од Артур Тјанулин во втората третина, пред да биде зголемено до самиот крај.
За победничкиот состав, во листата на стрелците се запишаа Скот Вилсон (х2), Дмитриј Кугришев, Владимир Галузин и Иван Јежов.
Во Западната конференција, Сочи остана на последното место без шанси за плејоф, додека Витјаз ја зазема шестата позиција.
https://www.instagram.com/reel/CoK21JHjdwe/?igshid=YmMyMTA2M2Y=