Младата македонска одбојкарка Елена Пандева веќе дебитираше за италијанскиот тим Феникс Монополи кој настапува во Серија Ц1.
Македонската репрезентативка која во есенскиот дел го носеше дресот на Струмица во минатото настапуваше во грчкиошампионат како и во српското првенство за екипите на Ваљево и Србјанка.
Струмичанката важи за една од најубавите наши одбојкарки и слободно може да се занимава и како фотомодел.