Третата победа на последните четири средби им ја донесе втората позиција во Северната дивизија на Винипег Џетс.
Имено, Џетс, синоќа, ја поразија екипата на Отава Сенаторс со 1-4 и ја оставија на дното на истата дивизија.
Гостите, во првата третина, преку Николај Елерс поведоа на 0-1, а во вториот дел, дури трипати ја затресоа мрежата на Мет Мареј за убедливи 0-4. Овој пат, стрелци на головите беа Марк Шајфил, Адам Лоури и Блејк Вилер.
На почетокот на третиот период, наместо Мареј, на голот на Отава застана Маркус Хогберг, кој дебитираше во новата сезона. Сепак, неговиот тим не успеа да го избегне поразот бидејќи, до крајот, единствено Крис Тирни успеа да го смести пакот во голот на Конор Хелебујк.
На овој погодок му претходеше една физичка пресметка на неколку играчи, во која, протагонист беше Брејди Ткачак (Отава).
📸 Andre Ringuette/NHLI via Getty Images