ЛеБрон Џејмс поведе со 16-5 во меѓусебните дуели против Јанис Антетокумбо, откако ЛА Лејкерс, синоќа, дојдоа до осмиот гостински триумф во низа, совладувајќи ги Милвоки Бакс со 106-113.
Во текот на речиси целиот натпревар, двете екипи имаа минимална предност што ретко стануваше двоцифрена.
Накрај, Џејмс беше најпрецизен кошаркар на паркетот со 34 поени, од кои дури шест тројки (6/10 при шутеви за три поени).
Кај домаќините, Антетокумбо запиша дабл-дабл со 25 поени и со 12 скокови.
Со овој триумф, Лејкерс (12-4) се први на Западот, додека Милвоки ја зазема третата позиција на Истокот (9-6).
📸 The Sports Rush



