Синоќа, Голден Стејт Вориорс го запишаа петтиот пораз на последните шест средби, откако загубија со 116-109 од Мајами Хит.
И двете екипи имаа свои шанси, особено во првото полувреме, кога Голден Стејт беа поконкурентен состав.
Накрај, двајца кошаркари на Вориорс го завршија мечот со дабл-дабл учинок – Стеф Кари (36 поени и 11 скокови) и Дрејмонд Грин (16 поени и 10 скокови).
Од противничкиот табор, најефикасни беа Џими Батлер (22), Данкан Робинсон (21) и Тајлер Херо (20).
На Истокот, Мајами (25-24) го држи петтото место, додека Вориорс (23-25) се десетти на Западот.
📸 Eric Espada/Getty Images



