Синоќа, за првпат во новата сезона, Њујорк Ајландерс успеаја да ги поразат Вашингтон Капиталс и тоа со резултат од 8-4.
Имено, за да дојдат до високиот резултат, претставниците на Њујорк постигнаа четири голови во првата, односно по два во втората и во третата третина.
Од друга страна, Капиталс ја затресоа противничката мрежа по двапати во првите два периоди.
Од победничкиот состав, хет-трик забележа Метју Барзал, два гола заби Џордан Еберле, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Брок Нелсон, Кејси Сизикас и Џош Бејли.
Што се однесува до гостинскиот табор, Џон Карлсон беше двоен стрелец, а освен него, голгетери беа Даниел Спронг и Ти Џеј Оши.
На табелата на Источната дивизија, Вашингтон остана на првото место само поради подобрата гол-разлика, иако има ист број на бодови (50) како Питсбург Пенгуинс и како Њујорк Ајландерс.
📸 Bruce Bennett/Getty Images



