Актуелните МЛБ вицешампиони, Хјустон Астрос, се на чекор до елиминација во полуфиналето, откако синоќа Тампа Беј Рејс поведоа со вкупни 3-0.
Рејс го добија третиот меч со 2-5, а сите поени беа постигнати во првиот и во петтиот ининг.
Имено, Астрос поентираа и во двете горенаведени деветини, додека Рејс ,,експлодираа” само во петтата.
Интересен е фактот дека победниците не постигнаа ниту еден хоум-ран, наспроти двата на Астрос.
Стрелци за Хјустон на овој меч беа Хозе Алтуве и Мајкл Брантли.