17-годишниот Давид Ѓоргоќески од Ѓорче Петров, Скопје го сруши балканскиот рекорд во правење склекови за еден час, каде тој успеа да направи неверојатни 2604 склека. Инаку, предходниот рекорд го држеше Србин со 2370 склекови.
Давид тренира бокс, а со ваквиот подвиг тој покажа дека во моментов е еден од најиздржливите луѓе на Балканот. Во иднина тој планира да го сруши гинисовиот рекорд во правење склекови, кој изнесува 2919 склека.