
Вегас Голден Најтс направија пресврт и дојдоа на само еден чекор од очекуваниот пласман во четвртфиналето на НХЛ.
Имено, ,,Златните витези” поведоа со вкупни 3-1 против Винипег Џетс, добивајќи го четвртиот дуел со 2-4.
После две третини, гостите веќе водеа со 1-3, иако домаќините ја стекнаа почетната предност, а во третиот дел, мрежата се тресеше по еднаш и на двете страни.
За Винипег, во листата на стрелците се запишаа Блејк Вилер и Пјер-Лук Дубуа.
На спротивната страна, голманот Конор Хелебајк го совладаа Брет Хауден (х2), Вилијам Карлсон и Иван Барбашев.