Македонски ракометни интернационалки Сања Дабевска и Александра Боризовска и нивниот ПАОК од Солун славеа во првиот меч од финалето на плеј-офот во Грција на гостински терен кај Неа Јонија со 18-19.
Сања Дабевска и Александра Боризовска дадоа по 1 гол во победата на својот тим. Дабевска даде придонес и во одбраната, додека Боризовска подели и неколку асистенции за својот тим.