
По јубилеен четириесетти пат на домашен терен, Нешвил Предаторс ги поразија Колумбус Блу Џекетс, откако синоќа славеа со убедливи 6-0.
,,Предаторите” постигнаа три гола во првата, два во втората и еден во третата третина за да дојдат до конечниот резултат.
По еднаш во листата на стрелците се запишаа Јаков Тренин и Ник Казинс, а дури четири пати стрелаше Филип Форсберг.
Швеѓанецот, на оваа средба, дојде до својот 400. поен во НХЛ на 510 натпревари што претставува нов рекорд на франшизата на Предаторс. Претходниот најбрз пат до 400 поени во лигата го имаше Мартин Ерат од 614 мечеви.
Во врска со постигнувањето на четирите голови, на прес-конференцијата после натпреварот, Форсберг изјави:
,,Не знам. Најверојатно уште како мало дете. Изненадувачки, како јуниор никогаш немав хет-трик. Потоа дојдов овде и имав среќа да постигнам неколку хет-трикови, но помина многу време откако забив четири голови.”
Како пофалба за шведскиот хокеар, на официјалниот Твитер профил, Нешвил Предаторс го променија своето име во Нешвил Форсбергс.
Хокеарите на Блу Џекетс упатија 27 шутеви кон голот на Јуусе Сарос, но Финецот беше стопроцентен и му го донесе првиот овосезонски шут-аут на Нешвил, а воедно петнаесетти во својата НХЛ кариера.
Во Источната конференција, Колумбус падна на деветтото место, додека Нешвил скокна на седмата позиција на Западот.