Битката за плејоф, односно за четвртата позиција во Централната дивизија, е крајно возбудлива, а во неа учествуваат три екипи.
Токму две од нив, Чикаго Блекхокс и Нешвил Предаторс, се соочија синоќа во директен дуел.
Имено, ,,Предаторите” успеаја да слават со резултат од 1-3 и да останат на посакуваното место, оставајќи ги претставниците на Чикаго на шестата позиција со пет бодови заостаток.
Нешвил, во вториот период поведе со 0-2, благодарение на Рајан Јохансен и на Лук Кунин, а на четири минути пред крајот, Ерик Хаула зголеми на 0-3.
Само 36 секунди подоцна, Вини Хиностроза го постигна почесниот погодок на Чикаго, а воедно и го постави конечниот резултат.
📸 Jonathan Daniel/Getty Images



