Серијата од три победи на Мајами Хит синоќа беше прекината по поразот од 118-103 од страна на Атланта Хокс.
Во текот на првите три четвртини, натпреварот беше во потполност неизвесен, но во последниот квартал, Атланта стекна победоносна двоцифрена предност.
Кај победничкиот состав, со 21 кош, најефикасен беше Богдан Богдановиќ, а уште 20 поени додаде Џон Колинс.
Од редовите на актуелните вицешампиони, Кендрик Нан имаше ист поентерски учинок како Богдановиќ, а дабл-дабл забележа Тревор Ариза (13 поени и 10 скокови).
На табелата на Источната конференција, Хокс (33-27) го држат четвртото, а Мајами (31-29) – седмото место.
📸 Adam Hagy/NBAE via Getty Images



