Вашингтон Капиталс дојдоа до третата последователна победа, триумфирајќи со 4-2 над Бостон Бруинс.
Воедно, за претставниците на главниот град на САД, ова беше прв меѓусебен домашен триумф после четирите врзани порази.
Капиталс поведоа на стартот на втората третина преку Џон Карлсон, но пет минути подоцна, Бруинс веќе ја имаа предноста на своја страна.
Имено, во интервал од само шеесет секунди, мрежата на Витек Ванечек ја затресоа Куртис Лазар и Ерик Хаула.
До крајот на вториот дел, Том Вилсон израмни на 2-2, а во третиот период, конечниот резултат го поставија Ларс Елер и Александер Овечкин.
Во Источната конференција, Бостон го зазема петтото, а Вашингтон – осмото место.