Првиот меч од овосезонскиот плејоф на НХЛ го одиграа првата и четвртата екипа од Источната дивизија, односно Вашингтон Капиталс и Бостон Бруинс.
После речиси 65 минути игра, домаќините од Вашингтон успеаја да триумфираат со 3-2 и на тој начин да поведат со вкупни 1-0.
Капиталс водеа двапати на овој натпревар, пред да го постигнат победоносниот погодок, за разлика од Бруинс, кои израмнија во два наврати.
Том Вилсон и Брендан Дилон стрелаа за победничкиот состав во регуларниот дел, а во продолжението погоди Ник Дауд.
Од друга страна, за Бостон головите ги постигнаа Џејк ДеБраск и Ник Ричи.