
Екипата на Бруклин Нетс синоќа ги совлада Чикаго Булс со 105-91 и ги задржа своите надежи за завршување на регуларната сезона на врвот на Истокот.
Имено, Чикаго го започна мечот со серија од 12-0, но Бруклин го презеде водството во втората четвртина и го држеше до самиот финиш.
Од победничкиот состав, поентерски, најмногу се истакнаа Кајри Ирвинг и Џеф Грин со 22, односно со 19 кошеви, а дабл-дабл забележа Брус Браун (16 кошеви и 12 скокови).
На спротивната страна, Патрик Вилијамс беше најефикасен со 24 поени, а дабл-дабл запишаа Тадеус Јанг (19 поени и 13 скокови) и Никола Вучевиќ (10 поени и 10 скокови).
Во Западната конференција, Бруклин (47-24) засега го држи второто место, додека Чикаго (30-41) е единаесетти без шанси за плејоф.



