
Во првиот меѓусебен натпревар после 2019, одигран во шестото коло од новата НФЛ сезона, Вашингтон Командерс славеа над Чикаго Берс со 7-12.
Во овој дуел, поените беа релативно ретки, поради недоволно добрата игра во нападот и на двете екипи.
За Командерс, Џои Слај погоди два филд-гола, а Брајан Робинсон Џуниор постигна еден тачдаун со трчање.
Кај ,,Мечките”, топката во енд-зоната ја внесе Данте Петис, а екстра-поенот успешно го реализираше Каиро Сантош.
Кога се додавањата во прашање, не се покажаа во најдобро светло ни двајцата квотербекови – Џастин Филдс (14/27 пасови за 190 јарди) од Чикаго, односно Карсон Вентц (12/22 прецизни додавања за 99 јарди) од Вашингтон.
Во НФК, со натпревар повеќе во однос на конкурентите, двете екипи го делат тринаесеттото место со учинок од 2-4.




