Хокеарите на Ванкувер Кенакс успеаја да изборат најмалку уште еден натпревар, откако синоќа славеа со 1-2 над Вегас Голден Најтс за намалување на вкупниот заостаток на 3-2.
Во втората третина, Вегас поведе преку одличниот соло-гол на Шеј Тиодор, а Ванкувер израмни само дваесет и четири секунди подоцна преку Брок Бесер.
При израмнувачкиот погодок на Кенакс асистираше Квин Хјуз, кој ја запиша својата тринаесетта асистенција во плејофот. Со тоа, Американецот стана рекордер по бројот на плејоф асистенции од страна на еден руки дефанзивец во историјата на НХЛ.
Победничкиот гол за Кенакс го постигна Елиас Петерсон во воведните минути на третиот период.
Голман за победничкиот состав на овој дуел беше Тачер Демко, кој стана првиот голман што победил на своето плејоф деби во натпревар за опстанок после Хозе Тиодор во 1997, кој бранел за Монтреал Канадиенс.
Шестиот меч од четврт-финалната серија ќе биде одигран на 4 септември во 03:45 часот по македонско време.