Екипата на Колорадо Рокис доживеа целосен дебакл синоќа, откако беше поразена со 5-23 од Сан Франциско Џајантс.
За Џајантс, ова беше десетта победа на последните тринаесет натпревари, а лошата серија на Колорадо се продолжи на три порази во низа, односно само пет победи на дваесет и два меча.
На овој натпревар, играчите на Сан Франциско постигнаа поени во сите ининзи, освен во деветтиот.
На ,,Курс Филд” во Денвер, беа постигнати и шест хоум-рани: за домаќините, двапати погоди Герет Хемпсон, а за гостите – Алекс Дикерсон (х3) и Брендон Крофорд.
Со оваа победа, Сан Франциско се искачи на 18-19 и ја презеде третата позиција во Западната дивизија на Националната лига токму од Колорадо, кој има учинок од 17-19.