Во дуелот на двете канадски екипи, Ванкувер Кенакс ги поразија Монтреал Канадиенс со 5-3 и ја запишаа третата врзана победа.
На овој натпревар, Монтреал имаше гол за водство, гол за израмнување и гол за намалување на негативата.
Два од трите погодоци беа дело на Артури Лехконен, а еднаш во листата на стрелците се запиша и Рем Питлик во третата третина.
На спротивната страна, мрежата на Самуел Монтембол ја затресоа пет различни хокеари, односно Тревис Хамоник, Брок Бесер, Џеј Ти Милер, Елијас Петерсон и Бо Хорват.
Во Западната конференција, Ванкувер скокна на десеттата позиција, додека Монтреал го зазема дното на Истокот.