На Ванкувер Кенакс им беа потребни дури осум натпревари за да примаат помалку од три погодоци.
Имено, синоќа, претставниците на Британска Колумбија убедливо ги поразија Отава Сенаторс со 7-1.
Најголем трагичар беше Мет Мареј, голманот на Отава, кој дозволи дури 20% од противничките шутеви (7/35) да завршат во неговата мрежа.
Неговиот колега од спротивната страна, Тачер Демко, беше неверојатен со 35/36 одбранети удари (97,22%). Единствен што успеа да го совлада беше Остин Вотсон во втората третина за намалување на 2-1.
Истиот играч беше виновник и протагонист во две физички пресметки во третата третина.
Што се однесува до домашните хокеари, Брендон Сатер го постигна својот прв хет-трик во НХЛ, а до првиот погодок во најквалитетната хокеарска лига дојде Финецот Оли Јуолеви. Останатите стрелци беа Тајлер Мот, Танер Пирсон и Квин Хјус.
За Кенакс, ова е трет триумф во сезоната, доволен за петтото место во Северната дивизија, каде што Сенаторс се наоѓаат на дното со само три освоени поени.
📸 nucksmisconduct.com



