Денвер Нагетс (10-7) влегоа во позитивна серија од четири врзани победи, со која се искачија до четвртото место на Западот.
Токму последната победа ја остварија синоќа над Далас Маверикс со 113-117 на гостински терен.
Натпреварот беше релативно неизвесен со серии и со предности и на двете страни.
Накрај, во поразот на Далас, најмногу се истакна Лука Дончиќ со трипл-дабл учинок од 35 поени, од 11 скокови и од 16 асистенции.
Кај Денвер, освен најефикасниот Мајкл Портер (30 поени), Србинот Никола Јокиќ додаде дабл-дабл со 20 поени и со 10 скокови.
📸 eurohoops.net