Ванкувер Кенакс ги зголемија своите шанси за пласман во доигрувањето, откако, на седум средби пред крајот, заостануваат четири бодови во однос на плејоф-зоната.
Имено, синоќа, претставниците на Британска Колумбија дојдоа до петтата победа во низа, совладувајќи ги Аризона Којотес со убедливи 7-1.
На мечот, двојни голгетери беа Алекс Чијасон и Васили Подколзин, а по еднаш во листата на стрелците се запишаа Шелдон Дрис, Елијас Петерсон и Конор Гарленд.
На спротивната страна, за Којотес погоди само Ендру Лед, кој намали на тогашни 3-1.
Во Западната конференција, Ванкувер го зазема десеттото место, додека Аризона е последнопласирана екипа.