Негативната и променлива серија на Канзас Сити Ројалс, синоќа се продолжи на девет порази во последните дванаесет натпревари, откако беа декласирани од Чикаго Вајт Сокс со 6-11.
И двете екипи ги забележија своите поени во само три ининзи – Ројалс поентираа во првиот (1), во шестиот (3) и во осмиот (2), додека гостите беа релативно убедливи во вториот и седмиот ининг со по пет постигнати поени, притоа додавајќи уште еден поен во четвртиот ининг.
На овој меч беа постигнати и четири хоум-рани. За Ројалс погоди Хантер Дозиер, а за Вајт Сокс – Едвин Енкарнасион, Тим Андерсон и Луис Роберт.
Со учинок од 23-15, Чикаго Вајт Сокс се втори во Централната дивизија на Американската лига, каде што Ројалс се последни со 14-24.