
Тампа Беј Лајтнинг го удвоија своето вкупно водство на 2-0 против Монтреал Канадиенс во финалето на НХЛ.
Имено, во вториот дуел, актуелните шампиони славеа со 3-1 и дојдоа на чекор до одбрана на титулата.
На мечот, Монтреал беше тимот што непрестано напаѓаше, но единствен стрелец беше Ник Сузуки во втората третина, кој во тој момент израмни на 1-1.
На голот на Тампа стоеше Андреј Василевски, кој имаше неверојатна партија со 42/43 одбранети шутеви (97,67%).
За домашниот состав, после 26 минути игра, најпрво погоди Ентони Сирели, а во продолжение победата ја донесоа Блејк Колман и Ондреј Палат.
Третиот натпревар од финалната фаза е закажан за вечерта помеѓу 2 и 3 јули со почеток од 02.00 часот после полноќ.