
Во првото коло од новата НФЛ сезона, Аризона Кардиналс ги поразија Тенеси Титанс со убедлив резултат од 13-38.
Сите поени на мечот паднаа во првите три четвртини и сите поентирања, со исклучок на еден филд-гол, беа тачдауни или екстра-поени.
После неполни дваесет минути игра, Кардиналс водеа со 0-17 што се претвори во 6-24 после втората четвртина.
Од редовите на Тенеси, по еднаш топката во енд-зоната ја внесоа квотербекот Рајан Тенехил и фаќачот Еј Џеј Браун.
На спротивната страна, неверојатна партија одигра Кајлер Мареј со пет тачдауни, односно четири со додавање и едно со трчање, како и со 309 вкупно освоени јарди.
Неговите додавања кон енд-зоната, по двапати завршија во рацете на ДеАндре Хопкинс и на Кристијан Кирк, кои исто така додадоа 83 и 70 јарди.
Освен наведеното убиствено трио во нападот, фантастичен во дефанзивата на Кардиналс беше лајн-бекерот Чендлер Џонс со феноменални пет секови.
Во соработка со НФЛ Македонија