
Премиерниот меч на осмото коло од новата НРЛ сезона го одиграа екипите на Канбера Рејдерс и на Саут Сиднеј Рабитохс.
Имено, по вторпат во низа, Рабитохс успеаја да слават со фантастичната игра во второто полувреме, притоа запишувајќи го седмиот последователен триумф.
Во претходното коло, ,,Зајаците” беа подобри од Голд Коуст Титанс со 30-40, а денес им го нанесоа четвртиот врзан пораз на Рејдерс, совладувајќи ги со 20-34.
После првите четириесет минути, претставниците на главниот град на Австралија водеа со 16-14, но во вториот дел постигнаа само четири поени што беше клучно за крајниот негативен исход.
Со два есеи и со две конверзии, Џордан Рапана (7′, 66′) беше најефикасен играч во домашниот состав, а освен него, по едно полагање запишаа Елиот Вајтхед (22′) и Себастијам Крис (26′).
Кај победничкиот состав, Адам Рејнолдс беше стопроцентен со 5/5 конверзии и со 2/2 пенали.
Покрај Рејнолдс, во листата на поентерите, со есеи, се запишаа Алекс Џонстон (17′, 54′), Кемпбел Греам (34′), Дане Гагаи (44′) и Џејдн Су’а (59′).
На табелата, Канбера остана на деветтото, а Рабитохс на второто место, но со натпревар повеќе во однос на конкурентите.



