Во натпревар од 20. коло во Женската лига екипата Стружанка од Струга одигра одличен меч дома против фаворитот Чаир, кој за жал го загуби со 27:29 (полувреме 13:13).
Во составот на Стружанка најефикасни беа Теодора Дукоска со 8 и Ивана Затуроска со 7, додека кај гостите најдобра беше Марија Николовска со 9 гола.




