
Џофра Арчер, односно ,,златното” момче што им донесе прва светска титула на Англичаните во 2019, доживеа навидум тешка повреда пред два месеци.
Станува збор за повреда на десната рака, која изискуваше операција и го оттргна Англичанецот роден во Барбадос од терените на ИПЛ до крајот на сезоната.
Сепак, покрај членството во Раџастан Ројалс, Арчер го носи дресот и на англискиот Сасекс, кој се натпреварува во тековниот Каунти Чемпионшип.
Поради тоа што оваа екипа моментално игра тест крикет, 26-годишниот фрлач се врати на тревната подлога вчера, во првиот ининг на Сасекс против Кент.
Фрлачите на Сасекс направија одлична работа, лимитирајќи ги удирачите на Кент на само 145 поени во првиот ден.
Арчер фрлаше вкупно 13 оувери и го заврши инингот со економија од 2,23 поени по оувер.
Имено, Англичанецот допушти само 29 поени, а успеа да освои и два викети против Даниел Бел-Драмонд и против репрезентативниот колега – Зек Кроули.



