На 25 јуни 2016, Ст. Килда Сеинтс ги поразија Џилонг Кетс со (14.9) 93-90 (13.12) што сè уште претставува нивен последен триумф над истите ривали.
Оттогаш наваму, Џилонг добија пет меѓусебни дуели, од кои, последниот се одигра денес во увертирата на деветтото АФЛ коло.
Имено, на ,,Марвел Стадиум” во Мелбурн, ,,Мачките” ги добија ,,Светците” со резултат од (5.17) 47-68 (10.8).
Натпреварот не беше претерано ефикасен, но беше навистина возбудлив во текот на првите три четвртини.
Кај Ст. Килда, најефикасен играч со (2.2), односно со 14 поени беше Тим Мембри, а освен него, над 10 поени запиша и Макс Кинг (1.5).
Од редовите на Џилонг, по два голови постигнаа Бред Клоус (2.1), Том Хокинс (2.0) и Гери Рохан (2.0).
На табелата, Џилонг се искачи на третата, а Ст. Килда падна на единаесеттата позиција, но со натпревар повеќе во однос на конкурентите.