
Вегас Голден Најтс ја оправдаа фаворитската улога во првиот меч од полуфиналето на НХЛ и поведоа со вкупни 1-0 против Монтреал Канадиенс.
Имено, синоќа, среде Лас Вегас, домаќините го поразија канадскиот состав со убедливи 4-1.
Во првата третина, Шеј Теодор го отвори резултатот, а во воведните минути на вториот дел, Алек Мартинез зголеми на 2-0.
Десет минути подоцна, со пауер-плеј погодок, на 2-1 намали Кол Кофилд, а до наредната пауза, мрежата на Кери Прајс ја затресе уште Матијас Јанмарк за водство од 3-1.
Во третиот период падна уште еден погодок во гостинската мрежа, односно конечниот резултаго постави Ник Холден со вториот овосезонски погодок.



