
По воведните два порази, ЛА Клиперс поврзаа два триумфи и ја израмнија четврт-финалната серија против Јута Џез на 2-2.
Синоќа, во четвртиот меѓусебен натпревар, претставниците на Лос Анџелес триумфираа со 118-104.
Клиперс водеа убедливо во текот на цел натпревар, предводени од одличната прва четвртина што ја добија со 30-13.
Најзаслужни за победата на домаќините беа Пол Џорџ и Каваи Ленард со по 31 постигнат кош.
На спротивната страна, најмногу се истакна Донован Митчел со 37 поени, а уште 19 додаде Џоу Инглс.