Џилонг Кетс дојдоа до петтата последователна победа, откако во премиерниот меч на тринаесеттото коло славеа со (14.7) 91-112 (17.10) над Порт Аделаид Пауер.
Резултатот, после првите три четвртини, беше релативно изедначен (64-74) и покрај водството на Пауер од +21 во вториот период.
На стартот на последниот квартал, домаќините направија серија од 19-0, после која следуваше победничката низа на Џилонг од вкупни 38-8.
Најефикасниот фудбалер на натпреварот, Конор Рози (Порт Аделаид), беше одговорен за дури 31 поен (5.1), а од неговите соиграчи се истакна и Чарли Диксон (4.1).
На спротивната страна, пет голови постигна Џереми Камерон (5.0), а одлична партија имаше и Том Хокинс (4.4).
На табелата, Џилонг дојде до третото место, додека Порт Аделаид се наоѓа на петтата позиција.