По двата порази, Шарлот Хорнетс се вратија на победничките патеки, совладувајќи ги Детроит Пистонс со 140-111.
Шарлот доминираше во текот на цел натпревар, а двоцифрено водство стекна уште во првата четвртина, благодарение на серијата од 13-2.
Најефикасни кошаркари од победничките редови беа Кели Убре (32 поени), Мајлс Бриџес (19 поени) и Гордон Хејвард (19 поени), а ЛаМело Бол запиша дабл-дабл од 12 поени и од 12 асистенции.
На спротивната страна, поентерски најрасположени беа Треј Лајлс и Кејд Канингем со 17, односно со 16 кошеви.
Во Источната конференција, Шарлот (20-19) го зазема осмото место, додека Детроит (7-29) се наоѓа на претпоследната позиција.